На продажба цело село во Франција за 300.000 евра!

popara23 февруари, 20121min00
6c53h

Едно  мало француско село, кое жителите одамна го имаат напуштено, понудено е на аукциска продажба со почетна цена од 300.000 евра, пренесуваат француските медиуми.

Селото Courbefy- се наоѓа 40 километри од Лимож, во централна Франција и се состои од неколку семејни куќи со помошни згради, дом на култура, капела и рушевини од еден дворец од 13 век. Во селото има и неколку тениски терени и базен.

Во ова село некогаш живееле 200 жители, а во почетокот на 1970 година луѓето полека почнале да се иселуваат.

По неколку неуспешни обиди да го заживеат селото, особено со програмите за селски туризам, сега тоа е ставено на продажба со почетна цена од 300.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *