Црно – белата фотографија на која Мадона позира гола на кревет би можела да се продаде за 25 илјади долари.
Фотографијата е снимена во 1990 година, а на неа кралицата на поп музиката ги покажала своите гради. Долниот дел од телото и е покриен со бел прекривач. Со темна шминка околу очите, Мадона држи цигара во своите полни усни.
Ја фотографирал Стивен Мишел, а се очекува дека фотографијата на аукција ќе заработи преку пет илјади фунти. Фотографијата ќе биде понудена на аукција во мај во Бонамс. Инаку, Стивен ја фотографирал Мадона и за потребите на нејзината книга “Секс”.
“Ова е прексрасна фотографија. Не е само црна и бела, туку има и прекрасни нијанси на сребрена и бела. Мадона позирала на голем број фотографии, а оваа е настаната во нејзините рани триесетти години”, изјавила Џудит Еурин од Бонамс.