Бразилското училиште за странски јазици “CCAA” дојде до необична идеја со цел да ги инспирира луѓето да се запишат на курс. За реклама ја ангажирале убавата Меган Фокс, како и поранешниот боксер Мајк Тајсон.
Млади бродоломци пристигнуваат на пуст остров и додека се обидуваат да се освестат се сретнуваат со Меган Фокс.
“Добре дојдовте на мојот остров”, вели актерката, а зад неа се појавува уште една Меган, па уште една…Остравот е населен од страна на клонови на убавицата од “Трансформери”, но има еден проблем – момчињата не знаат англиски!
Фокс тогаш збеснува и ги враќа во морето, а на другиот остров ги чека Мајк Тајсон…Погледнете!
http://www.youtube.com/watch?v=erBuKFX2wd8&feature=player_embedded