Сексот е забавен и добар за здравје, но едно од новите истражувања додаваат уште една позитивна работа на листата – напредок и кариера. После сите истражувања за позитивните страни за редовниот секс, online страницата “LELO” дошла до 5 главни заклучоци, зошто акцијата во кревет е важна за луѓето и како таа влијае на нивните животи.
Така Hafington Post во истражвањето пишува дека во Америка, повеќе од 50% Американци се чуствуваат дека се помалку платени, па не е ни чудно што сакаат покачување. Сепак да се спореди тоа со секс кој се случува еднаш неделно наместо еднаш месечно, луѓето имаат еднакво чуство како да добиле покачување од 50 долари годишно.
Редовен и задоволувачки сексуален живот може да влијае на продуктивноста на работата за 31%, подобра оцена за работодавачот за 37%, додека креативноста се зголемува дури 3 пати.
Едена од најчестите причини за заостанување во кариерата е недостаток на самооверба. Во истражувањето 25% од жените признаваат дека тоа го надокнадуваат со шопинг. За време на шопингот во мозокот се создава допамин, хормон на среќата, кој се активира и за време на сексуалниот однос. Затоа во кризните, тешки времиња се препорачува на жените брзоплетиот шопинг да го заменат со секс.
Познато е дека сексот го ослободува стресот, но спрема истражувањата еден просечен брачен пар го применува само 58 пати во годината. Кога тоа ќе се подели, испаѓа нешто повеќе од една недела. Паровите кои секој ден си споделуваат нежности како бакнежи или милување полесно го поднесуваат секојдневниот стрес во текот на работата и обврските. Главена причина за тоа е активирање на окситоцин кој создава пријатено чуство, а потребно е 20 секунди да почне да делува.
Многу истражувања потврдиле дека редовниот секс помага и во постигнување на добар физички изглед, а оној кој добро изгледа подобро напредува во кариерата. За време на сексот низ телото поминуваат 400% повеќе киселини него вообичаено и затоа кожата има посјаен и поубав изглед. Освен тоа, кожата тогаш произведува и колаген кој ја штити од стареење и и дава еластичност.
Грижете се за својата тежина, иако не стеголем љубител на вежбањето, добро е да знаете дека сексот доколку се применува 3 пати неделно може да согори и до 40 000 калории. Тоа е од прилика количина која жените со вишок килограми неделно ја внесуваат во организмот, па затоа тежат помалку.