Анџелина Џоли на својата забава во Лондон ја сака и Кејт Мидлтон.
Познатиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит по повод летните Олимписки игри организираат прослава во својата вила во Лондон. Познатата актерка сака меѓу гостите да се појави и сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон.
Филмската ѕвезда со овој повик уште еднаш ја покажа својата фасцинација од Војводката од Кембриџ.
“Сите кои нешто значат во светскиот џет – сет ќе бидат повикани на забавата, а сите се предупредени дека не смеат да ја фотографираат ни куќата ниту гостите”, изјавил извор близок на познатата двојка, кои со оваа забава за прв пат ќе ги отворат вратите од својот дом.
Покрај Кејт, меѓу поканетите се и Викторија и Дејвид Бекам, Шерон Стоун, Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс.