Mercedes-Benz А45 AMG, 2.0-литарски бензински агрегат со турбо полнач, кој генерира вкупно 354 КС, заедно со 450 Nm максимален вртежен момент.
Интересен факт, поврзан со трансмисијата, е тоа што сета таа моќност ќе се пренесува на сите четири тркала, преку софистицирана Haldex спојка, заедно со ултра-модерен AWD систем, слично како SLS AMG на Германците.
Според тоа, се очекуваат и неверојатни перформанси, барем за компакт сегментот. Имено, максималната брзина на А45 AMG ќе биде ограничена на 250 km/h. Доколку купувачот се одлучи за AMG Advance пакетот, кој вклучува, покрај многуте визуелни промени и масивно задно крило, тогаш максималната брзина на возилото се зголемува на 270 km/h.