Минатата недела Mini го претстави Mini John Cooper Works GP, за кое Mini тврди дека е најбрзото Mini некогаш произведено. Сеуште е во процес на тестирање. Овој автомобил завршил еден круг на Nurburgring патеката за 8 минути и 23 секунди, и така го подобрил времето на неговиот претходник за 19 секунди. Иако мал, овој сладок автомобил има 214 коњски сили. Дизајнот е карактеристичен за овој бренд. Mini ќе произведе 2000 вакви автомобили, но цената е сеуште непозната.