Оби во моментов е најдебелото куче на светот, и мора да се стави на строга диета. Ова одлука на ветеринарот Нора Ванет.
Оби во моментов е тежок 35 килограми што е двојно повеќе од нормалната тежина. Претходните сопственици го напуштиле, бидејќи поради нивна болест не се во можност повеќе да се грижат за него и да го стават на ригорозна диета.
“Многу е сладок и мил. Се гледа дека претходните сопственици го сакале и големо задоволство ми е да работам со него. Едноставно, не можете да им кажете ‘не’ на тие големи, убави и кафени очи”, вели Ванет.
Оби има и официјална Facebook страна на која можете да следите се што ќе се случува во иднина со најтешкото куче на светот.