Најдобар чај за „ Добро Утро “ ?!

popara14 октомври, 20121min00
caj

Иако чаевите најдобро е да се пијат помеѓу оброци, оние кои навикнале на утринска шолја кафе,  посегнуваат и по шолја чај наутро.

Исто како и кафето, шолја чај наутро, може да го „вознемири“ празниот желудник, а доколку сакате денот да го започнете со напиток без кофеин, тука се повеќе опции. Изборот ќе зависи од она што Вие го преферирате.

Најчесто се говори за утринска шолја зелен чај кој ќе Ве енергизира, а може да пиете и чај од нане, шипка, овошни чаеви како чај од брусница, лимон и боровница. Сепак, ниеден чај не се препорачува да се пие баш секое утро, така што најдобро  би било да изберете неколку опции и  да ги пиете наизменично.

Доколку пак не можете без кофеин, одлучете се за црн чај. Има доволно кофеин за да Ве пробуди, но многу помалку од шолја кафе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag