Најдобра шминка според формата на вашите очи!

popara22 октомври, 20121min00
oko

Немаат сите очи ист облик ниту сите знаат како правилно да се нашминкаат. Ние ви носиме совети и помош на кој начин да се нашминкате за вашите очи да блеснат во полн сјај.

Округли очи

Округлите очи се женствени и разноврсни – на нив можете да пробате различни стилови на шминкање. Можете да ги нашминкате да делуваат како да се во облик на бадем Кој е трикот? Нанесете туш околу целата должина на окото и продолжете ги со ајлајнер за да создадете форма на бадем.


 

Очи во форма на бадем

Очите во стилот на Клеопатра се многу пожелни. За дополнително да го нагласите обликот на очите, нанесете ајлајнер на горната и долната линија каде што растат трепките и при тоа немојте да штедите, бидејќи црниот туш за очи е најдобар пријател на девојките со оваа форма на очи.


Тесни очи

Во овие очи лежи нешто толку мистериозно и привлечно што не им треба премногу шминка, бидејќи таа може само да ги “угуши”. Избегнувајте тешки, темни сенки, и ајлајнер и држете се на светли, проѕирни нијанси на сенки.

 

Спуштени капаци

Кај овој облик на очи, парче кожа го поклопува долниот дел од капакот, па затоа, темната сенка е најдобар метод за визуелно решавање на проблемот. На оваа форма на очи најдобро и прилега храбар make-up како smokey-eye. Со туш за очи истакнете ги двете линии на раст на трепките, а со црно моливче поминете го и внатрешниот дел на окото.


Вдлабнати очи

Придржувајте се на свиленкасти нијанси на капаците кои ќе ги “отворат” очите и ќе направат да делуваат поголеми и посјајни. Важно е да избегнувате темни нијанси на сенки на капаците кои се виновни за мрачен изглед.

 


escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag