Најдобрите и најлошите земји за жените во светот!

popara8 март, 20121min00
6354f

Денес е меѓународниот ден на жената, па затоа ви ги претставуваме земјите каде жените најдобро живеат, а каде најлошо. Како критериуми при изборот се земани правата на жените, здравството, образованието, економијата, политиката и социјалниот живот.

Најдобра земја: Исланд – висока еднаквост во здравството, образованието, политиката и вработеноста.

Најлоша земја: Чад која е рангирана на 165 место

Најопасна земја: Авганистан

Од  политички аспект работите стојат вака:

Руанда е единствената земја каде има повеќе жени отколку мажи во парламентот.

Најлоши се: Саудиска Арабија, Јемен, Катар.

Ако зборуваме за мајчинството, најдобриот живот го имаат мајките во Норвешка, таму тие жени имаат неверојатен третман. Смртноста на мајките за време на породување е многу ниска.

Најлоша од овој аспект е Авганисатн, во оваа земја 200 пати е поголема веројатноста дека мајката може да умре за време на породувањето отколку од бомба.

Читање и пишување…

Најдобра земја е Лесото. Во оваа земја има повеќе писателки, отколку писатели.

Најлоша е Етиопија каде една од пет жени знае да чита.

Според вкупните оценки од сите критериуми САД се најдоа на 8 место со вкупни 89.9 од 100 поени.

Што се однесува до Балканот пак, Хрватска се најде на 29 место со 83 поени, додека Србија е на 145 место со резултат од 38.4 поени, под Конго.

И за крај Македонија се најде на 15 место со 86.4 поени.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma