Најдосадното истражување во светот!

popara15 мај, 20121min00
fwe

Научниците веќе 82 години го набљудуваат капењето на катран, а на овој необичен експеримент не му се гледа крајот.

Катранот последен пат од специјалната инка капнал пред 12 години, а новата капка е на повидок.

Професорот Џон Меинстопун од Универзиетот Квинсленд задолжен е за следење на експериментот со кој научниците се обидуваат да докажат дека катранот кој е крута маетерија и која со чекан  може да се скрши на мали парчиња, всушност е течност.

Експериментот е започнат уште во 1927 година од страна на Томас Парнел кој тогаш го загреал катранот и го ставил во инката, а капењето на црната материја зависи исклучиво од промената на температурата, односно временските услови.

Досега се капнати вкупно осум капки, а Парнел во својот живот видел само три. По неговата смрт, набљудувањето го продолжил Меинстоун кој нестрпливо ја чека деветтата капка, која веќе е формирана и може да падне во текот на оваа година или на почетокот на наредната.

Како и да е, досега научниците ништо посебно немаат докажано, но веруваат дека можеби новата капка ќе открие и нови детали…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag