Во познатите европски градови како Виена, Брисел и Варшава можете да си дозволите луксуз за поволни цени, а Прага ќе ви понуди многу бесплатни атракции.
Погледнете во кои градови можете да си поминете одлично, а при тоа да не потрошите многу пари.
Будимпешта
Ноќевање во хотел со четри ѕвезди, вечера, коктел или шише вино и возење со такси ќе ве чини околу 150 евра. Најниската цена за ноќевање е во хотелот Palazzo Zichy и чини 46 евра.
Португалија
Многу поевтина дестинација од Шпанија. Цената за ноќевање, вечера и вино, изнесува околу 100 евра, а влезовите во неколку музеи во недела е бесплатен.
Рим
Иако е еден од најпосетуваните градови во Европа, Рим за разлика од Париз и Лондон е прилично евтин. Исто така авионските летови се евтини за овој град.
Варшава
За сите оние кои бараат евтин луксуз ова е вистинското место. Тука и најлуксузните хотели имаат ниски цени, а ноќевање во хотел со 5 ѕвезди е 100 евра.
Даблин
Во овој град лесно е да се пронајде евтино сместување. Исто како и Прага и овој град изобилува со многу бесплатни атракции во кои може да уживате. Такви се Националниот музеј на Ирска, Ботанички градини и Ирскиот музеј на модерна уметност.
Прага
И покрај неговата популарност старата Прага е една од најевтините дестинации во Европа. Овој град е во 20-те најевтини градови во светот. Просечна цена за ноќевање и активности цел ден за двајца изнесува нешто помалку од 200 евра.