Австралискиот готвач Andy Wrobel го соборил рекордот поставен во 2008 година за најголемата кула направена од палачинки.
Неговата кула се состоела од 60 палачинки и била висока 76 сантиметри. Кулата потоа се навалила од тежина, но секако пред тоа официјални лица од Гинис го потврдиле рекордот.
„Се обидовме и минатата година и достигнавме 61 сантиметар. Бевме задоволни, но сакавме да се обидеме пак оваа година и ете успеавме, после многу вежбање, 50 часа и голема смеса за палачинки“, изјавил готвачот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=5IgSABBBI1Q