Љубовта е најголемата заблуда на денешното општество. Се за неа зборуваме. Се кон неа се стремиме. Се заради неа плачеме. Живееме со надежта дека некаде по широкиот свет има човек на кој му е пишано да биде со нас…Човек спремен да се бори за нашите мечти…и веруваме дека секако ќе го сретнеме. И ќе бидеме со него засекогаш…но колку всушност е засекогаш? Миг?! Секунда?! Или цела вечност?!
Љубовта е најголемото клише на овој свет. Не зошто луѓето се неспособни да сакаат…не затоа што идеата да го поминеш животот само со еден човек е апсурдна…туку затоа што веќе глупави од љубов ги забораваме границите на реалноста. Сметаме дека да сакаш е доволна причина која го оправдува секое наше дело. Веруваме дека вреди да се бориш…и покрај се и покрај сите…и изгубени во таа изкривена реалност се погубуваме себе си и ги повредуваме луѓето кои навистина вредат.
И ете тука ќе кажам…има многу повеќе надвор од љубовта. Има пријателство…има мечти…има цели кои треба да ги следиме…има мелници против кои треба да се бориме…има радост од нешто друго освен сексот и парите…и пред се, се имаме себе. Лага е дека човек не може да биде доволен сам со себе. Лага е дека без другиот си ништо…факт е дека е тешко да си сам. Но човек се раѓа и во повеќето случаи умира поосамен од било кога.
Најголемата трагедија на денешното општество е осаменоста…во целата нејзина зла реалност. Најголемата болка е да видиш како наредниот човек си оди од твојот живот и да признаеш пред себе си, дека и тој не е вистинскиот…најужасното чувство е да заспиваш вечер сам…и уште повеќе…да се будиш заобиколен само од перници…Сакаш да веруваш…Избираш да веруваш…Зошто иначе не гледаш смисла…
Веруваме дека не може да биде само сиво…дека неможе постојано да биде зима…дека треба да има повеќе…сакаме да има повеќе…Кој иначе ќе ни ги избрише солзите?! И кога ќе престане болката?
Веруваме зошто се плашиме…и ги затвараме очите за сите оние што се несреќни, а тие сме многу…и со страв веруваме дека ние не сме како нив…дека нас еден ден ќе не најде среќата…Реалност или илизуја?