Хотелот Хилтон во Прага, Чешка беше домаќин на најавата за најголемиот онлајн турнир во покер, Гинисов рекорд кој се обиде да го постави PokerStars.
За да се потврди најновиот рекорд, PokerStars ги поканија претставниците на Гинисовата кнога на рекорди за да бидат сведоци на бројот на пријавени учесници, како и на самиот турнир.
Турнирот имаше лимиот од 200.000 играчи, секој со buy-in од 1 долар. Победник на турнирот беше русин кој играл под интернет прекарот sokoluk1991 и освоил неверојатни 40,258.83 долари, додека за другите првопласирани деветмина биле обезбедени помали, но исто така вредни парични награди.