Најголемиот случај на заташкување сеуште трае!

popara3 март, 20121min00
0153007.48

Скептиците кои не им веруваат на владите и нивните информации за вонземјаните радо ќе го издвојат Росвел како веројатно најголемиот случај на заташкување.

За разлика од тајните протоколи за кои ниту ние не знаеме дека постојат, проблемот со заташкувањето е тоа што се вложува организиран труд за луѓето да се уверуваат дека се луди и дека не би требало да им се верува на своите наоди.

Имено, приказните кои се одржале до денес трврдат дека вонземјанското летало е срушено и паднало во 1937 година во Германија. Леталото наводно го превземала германската војска, а Нацистите за време на траењето на Втората светска војна цело време работеле на обидот за копирање на вонземјанска технологија.

Нивните истражувања наводно вродиле и со верзија на летечка чинија која имала примитивен облик на антигравитационен погон, но сеуште не е познато каде ги однеле овие истражувања на напредната технологија.

Приказните тврдат дека Нацистите работеле на технологијата која можела да совлада време и простор, но во своето истражување непрестано наидувале на блокади поради кои наводно никогаш во потполност не успеале да ја усовршат технологијата.

Околу реплицирањата на вонземјанската технологија наводно бил ангажиран и самиот Хитлер, а се претпоставува дека барем еден изум може да се припише директно на вонземјанската технологија. Станува збор за леталото на браќата Хортен, кое било првото летало без опашка на млазен погон, а воедно и прво „невидливо” летало.

Секако, со оглед на тоа дека наводно сеуште активно се работи на лажење на јавноста и заташкување на случајот од 1937 година, за истражувањата и применетите вонземјански технологии и понатаму имаме – само гласини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag