Најинтригантните изгубени градови

popara21 јануари, 20121min00
angkor1

Ништо не е вечно, па така и некои градови. Дали поради војни, вода, космички интервенции…Научниците се фрлија на работа и ги открија најинтригантните градови, кои едноставно поради некоја од овие причини- исчезнале…

Скара Брае, Шкотска

Замислете си мало гратче налик денешните модерни градови крај океан во античко време. Кан во антиката така накратко го опишуваат научниците ова прекрасно место во Шкотска.

Откриен 1850 година, ова мало прекрасно гратче повеќе од век и половина е вистинаска мистерија која се уште им боде во очи на многу светски научници. Имено тие никако не можат да се согласат околу нејзината мистериозност и перфектна поставеност.

Повеќе  налик на село отколку град…Но, сепак рушевините стари  5000 години раскажуваат за некогашно место кое било населено…

Вавилон, Ирак

Бабилон е антички град во Месопотамија, во близина на денешниот Ал Хиле. Своевремено, бил главен град на Вавилонското царство, а неговото име доаѓа од античкиот збор babilu кој значи „ божја врата“. Исчезнат е 2500 години пред Христос, а  големиот центар Месопотамија настанал 500 години подоцна. Вавилон растел во големина и раскош, а потоа е уништен, прво од Асирците, а втор пат, после смртта на големиот војсководец Александар Македонски. Денес, остатоците се на 85 километри од Багдад.

Таксила, Пакистан

Еден од најважните археолошки локалитети е Таксила, стариот индиски град во провинцијата Панџаби, Пакистан. Основан е од страна на индиски крал, во 7 век пне. Местото поради својата грандиозност е ставено под заштитата на УНЕСКО, а најдобро годишно време за посета е есента.

Паленке, Мексико

Овој археолошки бисер се наоѓа во југозападниот дел на Мексико. Се претпоставува дека овој град датира 100 год пне. 500 години подоцна ова место е почетокот на најдревната цивилизација на Маите. Неговата големина е во историските, античките, археолошките вредности, фактот за значајните откритија и легенди и останати традиции. Ако планирате да го посетите- да Ве потсетиме на тропските горештини во ова место.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=F4OPUNhiZI0

Ангкор, Камбоџа

Некогаш постоело Кмеркското Кралство, на кое главен град бил токму Ангкор. Ват, главниот храм на овој древен град, денес е симбол на Камбоџа и е најголема туристичка атракција. Се претпоставува дека овој град исчезнал поради климатските промени, а достапен е со хеликоптер и слонови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag