Најмалите држави во светот :)

popara14 јануари, 20121min00
vatikan

Има преку 200 држави во светот и секоја си е уникатна на свој начин. Некои се густо населени како Кина, Јапонија, Индија ,  а други пак ретко населени како Монголија или Централо Афричката Република. Постојат и држави што се простираат на два континента како Турција и Русија,која воедно и најголема држава во светот по површина и за да стигнете од еден до друг крај со автомобил ќе ви требаат неколку денови. Но има и такви што од еден крај до друг може да стигнете за неколку минути.. Следи една листа со такви држави, односно листа на најмали држави на планетата земја.

Ватикан- Ватикан е најмалата држава во светот и е многу специфична, затоа што е седисштето на Римо-католичката црква. Поради тој факт годишно ја посетуваат милиони туристи. Површината на ватикан изнесува само 0,4 километри квадарти и само 770 жители. Оваа државичка инаку се наоѓа во центарот на главниот град на Италија, Рим.

Монако – Првото нешто што им текнува на луѓето кога ќе се спомене Монако се Формула1, казина, луксуз итн. Ова кнежевство е лоцирано во југот на Франција и е втора најмала држава во светот, веднаш после Ватикан. Поточно ова кнежевство има површина од само 0.7 километри квадратни, но сепак таму има импресивни 30.000 жители.

Науру– Науру е специфична државичка не само по тоа што е многу мала, туку и по тоа дека нема главен град. Инаку ова островче се наоѓа во Јужниот пацифик и има површина од 21 километар квадратен и 10,000 жители. Поради своите прекрасни плажи и останати природни убавини, секоја година привлекува голем број туристи(уште да имав пари и да отидев).

Тувалу– Уште еден остров на листата. Тували се наоѓа на половина пат помеѓу Австралија и Хаваи и е сочинуван од повеќе острови. Површината изнесува 26 километри квадратни и има 13,000 жители. Познат бил по некој интернет домаин од којшто владата заработила милиони.

Сан Марионо- Мала држава којашто се наоѓа во Италија и има доста солиден стандард на живеење. Оваа држава исто така се смета за најстара во светот, и навистина вреди да се посети. Доказ за тоа се 5те милиони туристи што го посетуваат Сан Марино секоја година.

Лихтенштајн- Слично како Сан Марионо, и Лихтенштајн е земја со одличен животен стандард и голем број на туристи. Особено многу туристи има во зима, поради убавите ски центри коишто се наошаат таму.  Инаку површината изнесува 160 километри квадратни, и има 34,000 жители.

Маршалски острови- На листата на најмали држави има неколку острови. Меѓу нив се и Маршалските острови. Тие се сочинувани од 29 островчиња и се наоѓаат во централните делови од пацификот. Вкупната територија изнесу 181 километри квадратни, и има 58,000 жители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma