Неговото име е Рафаел Нуњес, но интернет го познава како “неверојатно фотогеничен бездомник”.
Фотографијата на провокативниот триесетгодишник се појавила на интернет откако бил снимен од страна на туристка пред црква во еден бразилски град. Минатата недела се појавила на интернет и собрала неверојатни 40 илјади соподелувања на Фејзбук, а покрената е и иницијатива да му се помогне на човекот.
Неговата мајка на новинарите од весникот Folha de Sao Paolo изјавила дека Нуњес е поранешен модел кој станал бездомник пред една година, наводно поради зависноста од дрога.
http://www.youtube.com/watch?v=qGYwTsbSW68&feature=player_embedded