Најпопуларната хрватска пејачка Северина доцна синоќа го родила синот Александар во сплитската болница.
Според хрватските медиуми, бебето тешко 3200 грама, било родено со царски рез. Ова е прво дете за Северина и Милан. Северина помина повеќе од еден месец во болница, а породувањето поминало без никакви компликации.