Најплодната сурогат мајка: Родила 13 деца

popara13 септември, 20121min00
carole_horlock

Британката Карол Хорлок досега родила 8 девојчиња и 4 момчиња, меѓу кои и близнаци и тројки.

Но, Карол повторно е бремена и го очекува “среќното 13-ти дете”.

Како што нагласува оваа храбра 45-годишна жена, еден италијански пар ќе ја правземе грижата за ова дете, а таа и самата е среќна што ќе овозможи принова во семејството.

“На нивните лица видливо е колку се радуваат на малото новодојденче. Тоа е момент преполн со емоции. Тоа е причината поради која го правам ова”, истакнала Карол.

Карол со поимот сурогат мајка прв пат се запознала со напис во весник кој го прочитала во 1995 година и во тој момент одлучила да им помогне на двојките кои не можат да имаат деца. Тие, обично и ги подмируваат трошоците кои се движат помеѓу 10.000 и 15.000 фунти. Тврди дека тука не се работи за пари, туку за помагање.

Единствениот услов кој го поставува, е по раѓањето родителите еднаш годишно да и испратат фотографија од децата. Сепак сурогат мајчинството не го следат само убави работи, па така нејзиниот татко со неа едвај зборува, бидејќи смета дека всушност таа ги дава неговите внуци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma