На премиерата на филмот Savages, на Оливер Стоун сите очи биле фиксирани на неа.
24-годишната актерка Блејк Ливели многумина остави без здив: облечена во тесен и заводлив фустан на Зухар Мурад била ѕвезда на вечерта!
Покрај по серијата Gossip Girl, но и очекуваната улога Savages, многумина Блејк, покрај добрата глума, ја фалат и за беспрекорен стил!
За разлика од повеќето холивудски дами, таа нема стилист.
“Мојата асистентка ја нарекува модната куќа во мое име, но јас одбирам кој аутфит ќе го носам, фустан, чевли, накит. Не претерувам, но многу пати сама на себе си правам фризури и шминка за на црвениот тепих. Го сакам тоа, тоа е добар начин за да се истражите сами себе”, открива Блејк. Во секој случај, со стилист или без него, Блејк е мелем за очи!