Ако сакате да заминете на патување и да стекнете пријатели, немојте да очекувате дека во секоја земја ќе ве пречекаат со раширени раце и дека секаде ќе добиете еднаков третман. Жителите на некои земји воопшто не се расположени за туристи, додека некои други можеда ви останат другари до крајот на животот.
Lonely planet направи листа на земји во кои има најмногу пријателски расположени жители.
Ирска – овие луѓе се исклучително добро расположени кон странците. Таа позната ирска способност во тешките времиња да се забавуваат со пријателите ќе ја почувствувате веднаш, а таму ќе мислите дека сте како дома. Чудна смисла за хумор, но сепак пријателскиот дух ќе ве освои.
САД- иако остатокот од светот ги обвинува за сите современи промени, обичните американци знаат дека високата политика не зависи од нив и затоа добро ги пречекуваат сите туристи од светот.
Малави – жителите на ова место се опишуваат како најпријателски раположен народ од Африка. Секој што бил знае дека тука може да се забавувате да побарате помош во било кое време и да ја добиете. Малави е мала и сиромашна земја, но народот е весел и пријателски раположен.
Фиџи – овој народ ја носи титулата за најдобри домаќини во светот. А зошто не би биле? Имаат прекрасен остров, живописни пејсажи, бистро мора, романтични брегови и фантастична кујна. Тие сакаат секој странец да се чувствува добредојден и ќе направат се за да ви угодат.
Тајланд – напосетуваната земја во Југоисточна Азија. Прекрасни плажи, убава клима и одлична храна, а со сето тоа имате и домаќини кои може да ви останат пријатели за цел живот. Ќе забележите дека сите луѓе се насмеани.
По оваа петорка следуваат, Самоа, Виетнам, Индонезија, Шкотска и Турција.