Редок примерок од скапоценото Ферари 250 GTO чија вредност се проценува на повеќе од 25 милиони евра оштетен е во сообраќајна несреќа која се случила на 6 јули во Франција.
Со автомобилот управувал неговиот сопственик, американскиот бизнисмен Кристофер Кокс, кога со Ферарито удрил во друг автомобил, а медиумите веќе ја карактеризирале оваа собраќајка како најскапа во светот.
Во автомобилот била и сопругата на Кокс, која се здобила со скршеници на нозете.
Овој модел на Ферари е произведен само во 39 примероци, па затоа на аукциите достигнуваа астрономски цени. Неодамна ваков модел се продаде на една аукција за 28 милиони евра.
Ферарито на американскиот бизнисмен произведено е во 1962 година, а веќе имал еден судар во 1976 година, а потоа било целосно реставрирано.