Најверојатно Ве интересира кои се најскапите градови за живот денес во светот…
За споредувањето се земени 140 градови од 93 земји ширум светот. Податоците кои биле основ за ова истражување се: цената на храната, пијалаците, основните намирници за домаќинство, школувањето, транспортот, недвижностите…
Интересен е фактот дека на листата нема ниеден град од САД. Иако Њујорк е еден од градовите кои паѓаат на памет, сепак тој се наоѓа на 47то место…
За прв пат после 20 години, Цирих се наоѓа на првото место како најскап град за живеење во светот. Според многумина, најубавиот швајцарски град го претекна Токио, кој се наоѓа на второто место. Има ист индекс како и претходната година, но поради наглото поскапување, не само во Цирих, туку и во цела Швајцарија, недоволно е висок за прво место.
Третото и четвртото место го делат Женева и Осака. Швајцарскиот град се искачи од деветтото на третото место.
На петтото место се наоѓа главниот град на Норвешка, Осло. Стандардот на Норвежаните е висок, оттука, високи се и цените за живот во овој преубав скандинавски град. Шестото место му припаѓа на градот на светлината, Париз, главниот град на Франција и еден од најубавите градови во Европа. За шестото место, „ главен виновник “ се астрономските цени на недвижностите и неверојатниот интерес на туристите од целиот свет.
Седмото и осмото место е резервирано за австралискиот континент, односно за гламурозниот Сиднеј и елегантниот Мелбурн. Сиднеј е моментално поскап и од Њујорк за цели 50%. За значајниот скок на листата допринесува поскапувањето на горивото, дури за три пати, а цената на оризот, кој е најскап на овој континент има пораст за 4 пати. Мелбурн е речиси идентичен како Сиднеј, мала разлика претставува само популарноста на Сиднеј.
Деветтото место му припаѓа на Сингапур, градот во најголема експанзија. На десеттото место се наоѓа германскиот град Франкфурт, еден од најзначајните градови за оваа земја. Освен шти претставува финансиски центар, овој град игра важна улога и во светскиот транспорт поради пространиот и најфункционален аеродром во светот. Овде се наоѓаат и неколку центри на светските банки.
Интересни информации кои би ги издвоиле се: падот на Хонг Конг од третото место, кое го имаше пред 10 години, на 22то место, варирањето на цените на горивото, односно 0,96 американски долари по литар во Москва, односно 2,17 американски долари во Париз…