Доколку сте вистински љубител на музиката, потребно ви е многу добро појачало. Ако го барате најдоброто, “Pivetta Opera One” е вашето решение. 180 см високо и скоро пола тон тешко, појачалото на оваа италијанска фирма е навистина колминација, која може да се добие кога зборуваме за музиката. Секако, во согласност со цената која изнесува неверојатни 490.000 долари!
А што ќе добиете за тие пари? 12 канален засилувач со 1600 W вистинска музичка моќност по канал, осносно “змеј” од 19.200 W во комплет со звучниците. Очигледно дека оваа работа троши многу струја, па на електрична мрежа се поврзува преку три-фазен приклучок.