Најубавите оази во светот

popara26 февруари, 20124min00
Huakachina 1

Хуакачина

Хуакачина е село во регионот Ика, во југозападниот дел на Перу. Хуакачина е изградена околу едно мало природно езеро во пустината. Наречена “оаза на Америка”, на која и служи како средство за локалните семејства од блискиот град Ика и се повеќе како атракција за туристите.

Ерг Авбари

Ум Ал-Maa, што значи Мајка на водата, е едно од најголемите езера сместени во оаза. Тоа се наоѓа длабоко во песочните дини на Убари во либиска Сахара. Постојат уште 16 езера во околината. Интересно е што некои од нив ги снемува од време на време под пецокот на пустината. Ова солено езеро е познат трговски центар за локалното население. Додека водата е валкана, нивото на сол станува се поголемо, па дури и исто како во Мртвото Море, што го прави прилично лесно за пливање.

Маранхао

Оваа прекрасно пустинско езеро се наоѓа во Lençóis Maranhenses Националниот парк, во Маранхао, Бразил. Формирано е како дел од системот на слатководни езера што се создава од дождовите во текот на првите шест месеци од секоја година, а потоа постепено исчезнува, се до следната година. Во некои од овие езера, постојат палми, додека другите се пусти.

Кресент

Кинеското езеро Кресент е едно прекрасно и исклучително убаво место, особено на пролет и се наоѓа во пустината Гоби, околу 6 километри јужно од градот Донхуанг во Кина. Водата од оваа оаза се користи од страна на земјоделците и локалните жители, но недостатокот на дожд во оваа област, доведува до постепено исчезнување на езеро, кое постои веќе илјадници години. Езерото може да се види за време на вашето возбудливо патување низ Свилената Рута.

Чебика

Чебика е дел од колекцијата на прекрасни оази во северниот дел на планинскиот венец на Тунис. Чебика нуди едни од најубавите пејсажи кои некогаш сте ги виделе или доживеале. Оваа прекрасна оаза е веројатно најшироката во светот. Името на оваа оаза е преземено од еден од познатите ликови од “Војна на ѕвездите” – Чубака, бидејќи тоа е местото каде што се снимаше четвртата епизода од серијалот. Значи, во срцето на планините и песоците постои мала оаза со сино кристално езеро и мал водопад кои ќе ве остават без здив.

Тингир

Тингир е огромна оаза која се протега на околу 30 км должина и неколку километри во ширина возводно и 4 километри низводно. Луѓето ја користат како дел од нивниот генијален систем на канали за наводнување.

Оман

Оваа оаза е скриена во длабочините на пустината Оман, каде што се наоѓаат голем број зелени оази. Неколку оази во малиот Султанат, на аголот на арапскиот полуостров, се жаришта за ботанички истражувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma