Најважните љубовни лекции од серијата “Сексот и градот”

popara24 јули, 20121min00
sex_and_the_city11

Четирите пријателки од Менхетн можат да ви дадат неколку добри совети за врските, сексот, стареењето, пријателството…

Ако сте пропуштиле да ги гледате нивните авантури еве скратено издание од најважните лекции.

Можете да изгледате сјајно и по триесетите

“Сексот и Градот” му покажа на светот дека љубовниот живот на зрелите жени може да биде повозбудлив од романтични авантури на млади студентки. Истовремено серијата докажа дека жените во триесетите можат да изгледаат подеднакво фантастично како нивните млади пријателки.

Не можете да го натерате да ве сака

Романсата на Кери и Ѕверка е поучна за женскиот свет на повеќе начини. Периодот на нивната врска кога тој заминува во Париз и се жени со манекенката Наташа покажува дека неможете да натерате некого да е сака, па што и да направите. Тој мора сам да сфати дека неможе да живее без вас.

Не е доволно да биде добар

Тоа што Најдан бил добар дечко не му помогна засекогаш да ја освои Кери. Иако свесна за неговите доблести Кери го остави поради Ѕверка, бидејќи нејзинито срце го покакувало само него.

Не му се допаѓаш доволно

Ниту една девојка која ја изгледала епизодата кога Џег Бургер и вели на Миранда “Не ми се допаѓаш доволно”, нема да ја заборави оваа лекција. Ако вашиот дечко не ве повика на втор состанок тоа не може да значи ништо друго, освен тоа дека не му се допаѓате. Сурово, но вистинито.

Не е секогаш лесно да забремените

Тоа можеби не е нова вест, но ако ги изгледате сите страдања на Шарлот ќе сфатите колку е важно да бидете свесни дека вашиот биолошки часовник отчукува.

Вистинските пријатели се секогаш тука

Без оглед на се, Миранда, Саманта, Шарлот и Кери секогаш беа една покрај друга. Кој може подобро да ве разбере и утеши од пријателите? Никој. Ако вашето пријателство е искрено ќе бидат секогаш покрај вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma