Ви ги претставуваме Киша и Вилко Ван Клиф-Болтон, брачен пар кој, според Гинисовата книга на рекорди, важи за највисокиот брачен пар на светот.
Киша, која има 31 година, е висока 196 сантиметри, додека нејзиниот сопруг Вилко, кој има 29 години, е висок 214 сантиметри. Нивните две деца Лукас (4) и Ева (2) веќе се највисоки во нивните одделенија.
Иако велат дека понекогаш имаат проблем со нивната висина, односно не секогаш може да се вклопат во просечниот свет, сепак Киша и Вилко навистина се гордеат со својот гинисов рекорд.