Највисокиот хотел во светот

popara5 ноември, 20121min00
6

Највисокиот хотел на светот ќе биде отворен следната година во Пјонгјанг, што претставува обид на Северна Кореја да заработи за зајакнување на турзимот..

Хотелот “Ryugyong”, зграда со пирамидален облик и 105 ката, се гради скоро 30 години, а делумно ќе биде отворен во јули или август идната година, беше соопштено на работниот форум во Сеул.


Рето Витвер, директор на германската компанија за хотелски менаџмент „Кемпински“, изјави дека оваа фирма ќе биде првата западна компанија која слободно ќе работи и дејствува во Северна Кореа и ќе го раководи хотелот, пренесува агенцијата Блумберг.

„Ова пирамидално чудовиште ќе ги монополизира сите бизниси во градот. Си реков себеси дека мора да го добиеме овој хотел како знаеме и умееме, затоа што тој ќе бида машина за правење пари доколку Северна Кореа се отвори“, објаснува Витвер.

Компанијата Кемпински, со седиште во Минхен, ќе се занимава со менаџментот, а египетската холдинг компанија ОТМТ, која се бави со телекомуникации, ќе го финансира градењето на хотелот во рамките на договорот вреден 400 милиони долари за купување на лиценцата за мобилна телефонија која ја доби во 2008 година.

Компанијата со седиште во Каиро веќе вложи 180 милиони долари во довршување на хотелската фасада.

Витвер, 64-годишен швајцарски хотелиер, појаснува дека Севернокорејците го контактираче уште пред десет години. Прв му се обратил Ри Чол, тогашен амбасадор на Северна Кореа во ОН и ментор на поранешниот лидер Ким Јонг Ун.

Ри барал нов инвеститор за хотелот од кога беше запрена изградбата на истиот во 1993 година поради недостаток на финансии и лошо водење на целиот потфат.

Риугјонг, со своите 330.02 метри ќе биде највисок хотел на светот, се наведува во податоците на компанијата Emporis која собира податоци за згради со големи јавни или економски вредности.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag