Кинеската компанија за градежна опрема САНИ влезе во Гинисовата книга на рекорди откако го направи највисокиот кран на светот.
Кранот, кој е поставен на огромен камион, е висок неверојатни 86,18 метри. Ова е втор пат тие да го срушат сопствениот гинисов рекорд, откако за прв пат поставија рекорд креирајќи 66 метарски кран во 2007 година, а потоа во 2009 година го срушија рекордот откако креираа кран висок 71.35 метри.
Крановите кои ги создава компанијата Сани се користат за градење на мостови, облакодери и други големи структури, но и за помош при справување со националните катастрофи, каква што беше онаа во Јапонија. Тогаш Сани донираше кран вреден еден милион долари како помош при справување со нуклеарната катастрофа.