Највлакнестото девојче во светот сака да стане доктор!

popara25 февруари, 20121min00
148106

Детето врколак или највлакнестото девојче во светот сонува да стане доктор.

Банког – Супатра Сасупан (12) позната како детето врколак сака да студира медицина и да најде лек за нејзинита ретка болест.

Девојчето кое влезе во Гинисовата книга не рекорди како највлакнестото во светот, не и пречи ништо за да прави големи планови за иднината и сака да студира медицина.

„Сакам да станам лекар, да си помогнам на себе, но и еден ден да се грижам за моето семејство“, изјавила малата Супатра.

Нејзиното лице, раце, нозе, уши и грб се покриени со влакна, бидејќи страда од ретка болест Амбрас синдром, генетска грешка која ја имаат само 50 луѓе во светот.

Но, и покрај болеста ова девојче не се предава. Нејзните родители се горди на нејзниот оптимизам и позитивен дух.

„Знам која сум и воопшто не размислувам за тоа како изгледам. Луѓето некогаш ме навредуваа и ме нарекуваа мајмун, но јас ги игнорирав. Се навикнав на влакната, единствено нешто ми смета кога ќе миг и прекријат очите и неможам да гледам“, изјавила Супатра.

Девојчето минало низ разни терапии за да се намали нејзината коса насекаде по телото, но залудно. Не помогнале ни ласерските третмани.

Таа користи само бебешки шампон, бидејќи на се останато е алергична. Нејзните родители се надеваат дека модерната медицина ќе најде лек за нејзината болест и дека таа конечно ќе биде како другите деца.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag