Наместо слатки на децата за Ноќта на вештерките им делел кокаин

popara2 ноември, 20121min00
momce

Момче уапсено поради сомнеж дека на децата во северниот дел на Англија, наместо слатки за Ноќта на вештерките им делел кокаин.

23-годишно момче е уапсено и обвинето за поседување дрога „А“ класа, откако родителите во пластичните ќеси меѓу подароците кои децата традиционално ги добиваат кога одат од куќа на куќа, пронашле дрога.

Кесите веднаш се однесени во полициската станица во Ројтон, која се наоѓа недалеку, северозападно од Манчестер.

„Во ќесите имало бел прашок кој полицијата го анализирала и потврдила дека станува збор за кокаин“, вели полицијата.

„Родителите и полицијата брзо реагирале во интерес на јавната безбедност. Заклучивме дека се работи за изолиран инцидент“, вели претставникот на полицијата Кетрин Хенкинсон.

На Ноќта на вештерките обичај е децата да бидат преправени во принцези, самовили, вештерки, кралеви и слично и да одат од врата на врата под „заканата“, „слатко или магија“ и така измамуваат слатко од соседите.

Овој пат „слаткото“ заврши кај полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag