Секогаш кога плаче Џоди Смит преживува вистинска агонија. Нејзините солзи содржат остри „дијамантски“ кристали кои секоја солза ја претвараат во болно и трауматично искуство.
Оваа мајка (35) страда од цистиноза, ретка наследна болест која предизвикува насобирање киселина која се вика цистин, пренесува британскиот „San“.
Оваа киселина се формира во облик на мали кристали кои излегуваат низ очите, а светат како дијаманти.
Кога прв пат зборувала за својата болест, Џоди раскажала како нејзиниот доктор и сопруг рекле дека кристалите изгледаат како најубави дијаманти, но за неа тоа е болно искуство и непријатно чувство.
„Можеби за некои звучи прекрасно, но јас се чувствувам грдо, особено кога сонцето ми бие во очи. Се чувствувам како очите да ми се полни со песок“, изјавил Џоди.
За оваа болест не постои лек, а пациентите може да се соочат и со нарушување на бубрежните функции.