Рускиот милијардер за својата девојка Наоми Кембел во Москва гради необична куќа која изгледа како вселенски брод.
Топ моделот Наоми Кембел наскоро ќе ја поседува една од најнеобичите куќи на светот, за која многумина велат дека личи на вселенско летало кое штотуку слетало.
Раскошното здание на Наоми и’ го гради Владислав Доронин кој најверојатно се надева дека таа ќе дојде во Москва на подолго време и ќе ужива во подарокот.
Куќата ја дизајнирал Заха Хадид, познат како архитект кој се грижи и за еколошката страна на градбите и ја чува природата. Вилата е со големина од 250 метри квадратни, а има и спа и теретана.
Како и секоја вила, и оваа има базен, но овој базен може да се претвори во подиум кога треба да се прави забава.