Новата највисока торта во светот е висока осум метри и ја победи тортата која беше направена во Париз 2010 година и беше висока 7,8 метри,
Овој пат највисоката торта беше направена во провинцијата Хенан, а бидејќи била превисока за било каков излог поставена е во трговски центар.
За да се направи оваа торта биле потребни 260 килограми брашно, 200 килограми крем, 100 килограми овошје и 80 килограми чоколадо. Група слаткари работеле 24 часа за да ја направат оваа торта.