Со неколку чекори до мека и мазна кожа

8 ноември, 20120
piling

Подгответе се за прекрасен изглед, бидејќи за вас имаме неколку чекори што ќе ја направат вашата кожа мазна и мека. Ревитализирачка масажа на лицето и очите. Поголемиот број на спа центри имаат масажи кои го поттикнуваат крвотокот и помагаат подобро да се апсорбираат производите. Еве неколку чекори како да го направите тоа сами:
Истуширајте се со топла вода за да се отворат порите, потоа исечете на половина ладно зелено или бело грозје. Грозјето содржи хидрантна гликоза и е моќен антиоксиданс. Со пресечената страна поминете неколку пати по кожата, почнувајќи од веѓите кон слепоочниците. Исчистете го челото, а потоа носот и образите.
Пилинг за лице
Потребни се две техники – природна и хемиска – за да изгледате забележително сјајни. Зрнцата или гранулите во пилингот ги отстрануваат мртвите клетки од кожата, но потребна е хемиска компонента, млечна или гликолична киселина за да ги разложат. Исто така е добро да употребите и готов производ што ги содржи и двете. Нанесете го пилингот на вашето лице и нежно масирајте ја кожата една минута.
Енергизирачки педикир од цитрон, лимон или портокал
За да се ослободите од сувата и испукана кожа на нозете, сигурно сте се криеле под чорапите или зимските кондури. Ослободете и освежете ги вашите стапала во купка од топла вода и сок од лимон, цитрон или портокал (може да користите само едно од овие овошја, но можете и да комбинирате). Киселината во овие овошја ја омекнува мртвата кожа подобро од обична топла купка. По 5 минути истругајте ги стапалата со камен или турпија за пети, потоа измасирајте го целото стапало со шеќерен пилинг. Исплакнете ги стапалата и намачкајте ги со крема за стапала или млеко за тело.
Самопотемнување
Пред да нанесете крема за потемнување, мора да направите добар пилинг на целото тело. Еве уште нешто што треба да го направите потоа: Користете крема за потемнување една нијанса посветла од таа што сакате да ја постигнете. Доколку ставате од посветлата крема два пати во денот, еднаш наутро и еднаш навечер, ќе ја постигнете посакуваната боја која ќе биде изедначена по целото тело. За да ви биде полесно нанесувањето започнете од нозете па нагоре, од предната страна, потоа одзади.
Солен пилинг за тело од Маргарита
Состојките на маргаритата прават одличен коктел… но и пилинг за тело. Лимонот и текилата се природен антисептик, ја детоксицираат кожата и помагаат да се подобри тенот и структурата. Употребете една шолја морска сол, 60 мл маслиново масло, сок од еден лимон и 7 мл бела текила. Додека се туширате нанесете ја мешавината на кожата и нежно масирајте со кружни движења. Доколку солта ви е премногу груба, додадете уште малку маслиново масло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi