Направете неверојатен пилинг со сенф

popara15 септември, 20121min00
senf

Пилингот е од големо значење за убавината на кожата. Со него ги отстранувате мртвиот слој на клетки, и дозволувате на кожата полесно да дише, ја забрзувате циркулацијата и дозволувате полесно да навлезат хранливите состојки од маските и кремите во кожата.

Направете го овој интересен рецепт за пилинг на кожата. Освен чиста кожа, ќе добиете и богато нахранета кожа која ќе биде мека на допир, сјајна и еластична.

Измешајте една лажица сенф, една лажица пченкарно брашно, една лажица павлака и неколку капки лимонов сок. Доколку имате сува кожа ставете и неколку капки маслиново масло. Со оваа смеса убаво истријте ја кожата на лицето и оставете да делува 20 минути. Потоа измијте се со топла вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag