Направиле хаос во нејзиниот живот: Судот им забранил на родителите да и приоѓаат на ќерката на помалку од 150 метри!

popara28 декември, 20121min00
devojka

Студентката Обри Ирланд (21) успеала по долгата и тешка правна битка, да се избори за самостојност и да добие судска забрана за приближување на нејзините родители на помалку од 150 метри.

Обри е студентка на престижниот конзерваториум во синсинати, игра во мјузикли и секоја година е на списокот на најдобрите студенти.

Но, нејзините родители често ненајавени доаѓале од далечниот Канзас, за да ја обвинат дека се однесува промискуитетно, дека се дрогира и има психички проблеми. Дури и му кажале на нејзиниот шеф на отсекот дека пати од психички проблеми и дека размислуваат по судски пат да ја натераат да оди на лечење. Признале и дека инсталирале програми за пратење во нејзиниот лап топ и мобилен телефон.

Минатата година таа дури и повикала полиција во нејзиниот стан и тврдела дека мајка и ја напаѓа, но мајката го тврдела пак обратното.

Училиштето поради нејзините родители најмиле обезбедување, за да ги спречат да влегуваат на нејзините претстави.

Кога прекинала секаков контакт со родителите, престанале да и ја плаѓаат школарината и барале да и врати 66 илјади долари кои досега ги потрошиле на неа.

img

Во судската постапка пресудено е дека нема обврска да им ги врати парите, а конзерваториумот одлучил да и ја финансита последната година од студиите.

„Беше многу незгодно и вознемирувачки родителите да ми доашаат на факултет и да ме пратат“, рекла Обри на сослуѓувањето.

„Таа е единствено дете за кое сме се грижеле целиот живот, и ние сме родители полни со љубов“, рекла мајката на судењето. „Ние не сме и проблем, проблемот не е во нас“.

Експертите се обиделе да им објаснат дека всушност проблемот е во нив, но на тоа родителите рекле дека Обри е „глумица“ која многу добро лаже.

На крајот судот пресудил дека немаат прав да и се приближат на помалку од 150 метри и дека не смеат да контактираат со неа барем до 23-ти семтември 2013-та година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag