Направиле сметка од 100 долари, па избегале со скок од балкон!

popara17 март, 20121min00
skokal

Четири лажни бизнисмени блетале во коктел бар на врв на облакодер во Мелбурн, Австралија, а потоа ги шокирале сите присутни. Порачале коктели, но одбиле да ги платат и рипнале од балкон…

Сведоците на настанот во кулата останале запрепастени, а имало и пискотници, откако четворицата лажни бизнисмени скокнале од 55 спрат на земја. Но, овие луѓе всушност биле т.н. ‘base’ скокачи и имале скриени падобрани под палтата.

Сопственикот на ресторанот Vue de Monde во кој ги испиле коктелите, Шенон Бенет, истрчал од кујаната на ресторанот со цел да ги спречи да избегаат, но не успеал. “ Само успев да видам како скокаат од балконот и во тој момент никој не знаеше што се случува”, раскажал сопственикот.

“Имаа камери на кацигите, па набрзо очекувам снимка на YouTube. Се надевам дека ќе ги фатиме, мораат да ја платат сметката”, додал Бенет. Секој коктел чини отприлика 25 долари, па друштвото ќе мора да плати 100 долари.

На полицијата оваа фора воопшто не и се допаднала. “Toa не е кул, тоа е глупаво”, заклучил заменик началникот на полицијата.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=NklUTXu_Dy4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag