Наранила илјадници бебиња: Донирала 330 литри мајчино млеко во добротворни цели

popara29 октомври, 20121min00
dobrotvorni celi

28-годишната мајка донирала 330 литри мајчино млеко во добротворни цели  помеѓу јуни 2011 и март 2012 година, и така влегла во Гинисовата книга на рекорди.

Кога Алиша Ричмен од Тексас се породила во март 2011 година веднаш почнала да пумпа и да го здржува млекото и набрзо сфатила дека произведува многу повеќе од она што нејзиниот син може да го изеде.

Кога наполнила два замрзнувачи, Алиша контактирала со “Банка за мајчиното млеко во Северен Тексас”, непрофитна организација која собира донации на мајчино млеко за критично болни и прерано редени бебиња на кои тоа им е неопходно.

Нејзините донации нахраниле “стотици, или што е уште поверојатно, илјадници прерано родени бебиња ширум САД”, изјавила Ејми Викерс, директорка на банката за млеко.

“Толку сум среќна што можам да им помогнам не само на моето бебе Дрејк, туку и на сите мали бебиња на кои тоа им е потребно и кои се болни”, изјавила Алиша за една ТВ станица. “Чувството е навистина прекрасно и толку сум благодарна што сум во состоjба тоа да го направам”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag