Ако Милан, синот Александар не го видел повеќе од три есеци, Северина може да побара од судот поривремено да му се одземат родителските права.
Додека судот не одреди каде ќе живее детето, “кралот на бакарот” седуммесечниот син Александар ќе може да го гледа само во Хрватска, вели адвокат, специјализиран за родителски права.
Тој додава дека богатите се привилигирани во одредувањето на издршката за детето. Иако компанијата на Милан, минатата година имала промет од повеќе милиони евра, износот на алиментацијата нема да се одредува според профитот на компанијата туку според потребите на детето. Вообичаено е судот за дете помладо од шест години, висината на алиментацијата да ја одредува според висината на приходот, односно, како што објаснува адвокатката, тоа најчесто изнесува 17%.
-Северина на суд може да побара таткото да учествува во трошоците за дадилка, да плаќа снијање, скапи приватни градинки и училишта како и плаќање на скапи кирии во елитна населба во која таа и синот живеат. Проблем е што ова не е Америка. Во Хрватска, колку што ми е мене познато, рекорд на алиментација кој го добила мајка за дете, изнесува 1.300 евра месечно, изјавила адвокатката.
Ако Милан Попвиќ не го видел синот повеќе од три месеци, Северина на суд може да го тужи и привремено да му ги одземе родителските права.
-Пејачката за секое напиштање на земјата мора да добие дозвола од надлежниот Центар за социјална работа, објаснила адвокатката.
Судот ќе ги регулира средбите на детето со родителот со кој не живее, ако Северина и Милан не успеат да се договорат!