Мажот кој не спие доволно или спие неквалитетно е полош во кревет од оној кој спие доволно и квалитетно.
Малку сон го намалува нивото на тестостерон кој влијае на сексуалната желба кај мажите, покажува најновото истражување. Жените кои се во брак најчесто се жалат дека нивните мажи во креветот не покажуваат желба и дека не можат да ги задоволат нивните потреби како порано. Тука станува збор за мажи кои се зависни од работа и кои малку спијат, а со самотото тоа им е намалено нивното либидо.
Експертите потенцираат дека неквалитетен сон влијае и на репродукцијата, односно на квалитет на сперма. Недостатокот на желба за секс е последица на целокупната состојба на организамот. Недостатокот на сон предизвикува помалку снага во мускулите и блага болка во коските, што носи до помалку енергија, замор и лоша концентрација.
Во истражувањето учествувале здрави млади мажи од 24 години. Се воспоставило дека со 7 дена лош сон, веднаш се намалил тестостеронот во телото и самото тоа предизвикува помала желба за секс.
Според тоа, сите мажи би требало да спијат минимум 5 саати без престан во текот на ноќта, а би било добро кога би спиеле и подолго.