Настапот на Glastonbury 2013 ќе биде последен за легендарните рокери – Rolling Stones!

popara18 јуни, 20121min00
The Rolling Stones

The Rolling Stones планираат да прекинат со настапите по неколку децении, а оваа вест на фановите ќе им биде соопштена следната година на познатиот фестивал.

Мик Џегер и неговиот тим не свиреле на Glastonbury, но британските медиуми пренесуваат дека за прв пат на фестивалот ќе се појават следното лето, кога ќе соопштат дека повеќе нема да настапуваат.

“Стоунси” заедно настапуваат веќе 50 години, а за фановите ќе приредат концерт за паметење.

“Возбудени се, бидејќи не гледаат на ова како крај на нивната кариера, туку како заминување во пензија со ” бум”. Свесни се дека нема да можат засекогаш да приредуваат живи настапи и сакаат да престанат додека сеуште се на врвот”, изјавил извор близок на бендот.

Самите членови Rolling Stones, кои прославата на 50тиот роденден на бендот ја доведоа до знак прашање поради меѓусебни несогласувања, сеуште не се изјасниле по повод приказната за крајот на концертната кариера.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag