“Наставничка на годината” уапсена поради секс скандал со 15-годишен ученик

popara5 септември, 20121min00
skandal

Ерика де Пало, 33- годишната учителка која минатата година ја освои титулата наставник на годината во Есекс Каунти, во американската држава Њу Џерси, уапсена е и обвинета дека имала сексуални односи со 15-годишен ученик, според Си-Би-Ес.

Многу ученици со кои новинарите зборувале биле вчудоневидени кога ја слушнале веста.

-Таа имаше навистина близок однос со учениците и сите ја сакавме. Секогаш можевме да и се обратиме по училиште кога имавме потреба од помош – изјавил Арнолд Ахондо, еден од учениците.

Ерика де Пало е обвинета за сериозна сексуална злоупотреба од прв степен и сексуална злоупотреба од втор степен, како и за загрозување на добросостојбата на детето, пренесуваат медиумите.

Властите претпоставуваат дека врската помеѓу наставничката и ученикот почнала од 15 јуни и траела до изминатиот вторник. Полицијата не открила детали од наводната врска помеѓу наставничката и ученикот, ниту како властите дознале за овој случај.

Како што пренесуваат, надлежната област во која се наоѓа основното училиште “Вест оринџ”соопштиле дека наставничката веднаш е суспендирана на неодредено време.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag