Научници успеале да го запрат времето?!

popara7 јануари, 20121min00
Stop_time_III_by_vimark

Физичари финансирани од страна на Пентагон објавиле дека развиле систем на „привремена невидливост“, каде одреден предмер може за мал дел од секундата да биде потполно невидлив.

Ова експериментално истражување се базира на познатата „невидлива наметка“ која ја популаризираше ликот од романот Хари Потер. Но, наместо да се обидат предметот да го сокријат во просторот, новиот метод го сокрива од окото, пишуа во студијата објавена во бртианскиот магазин „Nature”.

„Нашите резултати претставуваат значаен чекор кон создавањето просторна временска наметка“, изјавил шефот на истражувањето Моти Фридман, од Њујоршкиот Универзитет Корнел.

Физичарите го искористиле фактот дека различните бои од видливиот спектар на светлината се движат со различна брзина.

„Привремената“  невидливост на наметката започнува со дифузија на зелениот зрак од светлоста. Тој зрак објективот го дели на две фреквенции: сино светло кое се движи малку побрзо од првобитното зелено и на црвено светло кое се движи малку поспоро. Разликата во брзината на овие два зрака се згоелмува со поставување на прозирни препреки. Така на крајот настанува еден вид „заостанување“ меѓу црвениот и синот зрак кој се зголемува со нивното повторно „обединување“ на ист начин. Тоа за сега трае само 90 пикосекунди (90 милионити делови од милионитиот дел од секундата), но тоа е доволно за да одреден дел од светлината остане целосно незабележан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag