Нема ништо лошо кај оралниот секс. Мажите секогаш уживаат, а на жените нема да им биде лошо кога се во менструален циклус. Кој не сака да забремени, не мора, но оној што сака, може! Не верувате? Прочитајте…
За што станува збор? Многу животински видови, баш како и луѓето, уживаат во магичниот допир уста-гениталии. Но што добиваат жените од целава оваа работа, особено во оние „плодни“ денови?
Ако може да се верува на оваа теза, дамите со помош на оралниот секс си обезбедуваат гарантирано забременување. Но ова важи само ако голтаат!
Спермата е богата со протеини и колку повеќе организмот на жената се навикнува на спермата на нејзиниот партнер, толку поголеми се шансите дека и нејзината матка ќе ги прифати сперматозоидите кога ќе дојде моментот јајце клетката да биде оплодена. За да се избегне веројатноста да дојде до сексуална алергија и телото на жената да ги отфрли сперматозоидите како страно тело, најдобро е оваа течност(спермата) да дојде во контакт со целиот организам и да се создаде информација во клетките дека (спермата) се препознава и се прифаќа.
Исто така е евидентирано дека кај жените кои често имаат орален секс и при тоа ја голтаат спермата, драстично е намален ризикот од прееклампсија, компликација по време на бременоста каде имуниот систем ја отфрла плацентата, што може да заврши со спонтан аборт во првото тромесечие.
Доколку организмот на жената бил изложен на чест контакт со спермата на мажот, тогаш клетките на нејзиниот имун систем ќе кажат:„Еј, па ние веќе ги познаваме овие момци!“ Се мисли на сперматозоидите.
Па дами, амо сакате да забремените, пробајте, ништо не губите. Ќе ви биде добро и на вас, а можете да претпоставите како ќе му биде на вашиот партнер…