Не барај совршена љубов, зошто ќе умреш без љубов!

popara15 февруари, 20121min00
1

Оној што ќе бара совршена љубов, сам себе се осудува додека е жив да не ја сретне. Но…Најди и засакај нешто обично и направи го совршено! Има љубов, што дури и не ја забележуваш, зошто таа толку тивко се доближува до студеното секојдневие, што не би можела да го промени, ако некој не и подаде рака! Има љубов која настапува како торнадо и после неа остануваат опустошени соништа и остатоци од постоење. Има љубов што ја чекаш денови, месеци и години и таа се не доаѓа, осудена на непостоење…Има љубов која се двоуми дали да го премине прагот на сегашноста и понекогаш го преминува, а друг пат едноставно си останува во иднината…многу често засекогаш…Но има и таква љубов, што независно дали ќе се случи или не, урива зидови, ја преобразува реалноста, прави чуда. Оваа љубов понекогаш толку многу боли, понекогаш те опсипува со среќа, понекогаш те води, а друг пат е слепа, понекогаш те убива само за да те воскресне или да те погуби засекогаш. Таквата љубов не можеш да ја предизвикаш, ниту да ја бараш или заобиколиш. Не може да помине покрај тебе незабележано…Кога ќе се случи ти едноставно знаеш дека тоа е Таа…знаеш дека животот ти оди во нов правец, знаеш дека ништо нема да биде како порано…знаеш дека дури и ти самиот веќе нема да бидеш истиот…Тоа е Вистинската љубов – таа што може и да си отиде некој ден но останува во некоја пукнатина од срцето и ќе те потсетува за себе си со меланхоличниот ревматизам. Ќе го остави погледот и влагата во очите, ќе ги остави соништата и спомените, останува истовремено во минатото и иднината…Бидејќи само таа го може тоа…

Оној што ќе каже дека бил среќен во љубовта, тој никогаш не ја сретнал! Зошто љубовта е дете на илузијата, но мајка на страдањето…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag