Еден маж бил уапсен под обвинение за домашно насилство, но полицајците кои му земале изјава навистина се изначудиле на неговите изговори. Имено, тој изјавил дека не ја удрил својата жена, туку дека тоа го сторил дух!
Откако се јавиле на повик на соседите, полицијата го нашла Мајкл Вест со неговата жена, кога го обвинила дека два пати се обидел да ја задави и ја удрил. Најпрво изјавил дека сопругата паднала и се здобила со повреди, но потоа рекол дека всушност неговата сопруга ја нападнал некој дух.
Полицијата сепак одлучила да го задржи пијаниот и агресивен Вест во притвор и да му даде шанса на судијата да му објасни дека „Каспер“ му ја претепал жената.